Во ситуацијата во која се наоѓа Грција тешко е да се верува дека на луѓето им дошло до уметност или хумор. Па сепак, многу уметници општествената катастрофа ја доживуваат како инспирација дури и за хумористични дела.
Рон Улични (Ron Ulicny) е американски уметник кој живее и твори во Портланд, сојузна држава Орегон. Тој им го привлече вниманието на уметничките критичари поради своите необични скулкптури.
Сузан Хал е родена во Мичиген, но живеела во Чикаго до 1993 година. Нејзините слики се изложувани насекаде низ Соединетите Држави, а особено се ценети уметничките поставки во Атланта, Чикаго, Њујорк и Портланд во Орегон.
Годината што изминува беше година преполна со настани: природни катастрофи, револуции, бунтови, протести, паднати диктатори и тирани, повлекување на американската војска од Ирак, економска криза во САД и Европа... Ова е избор фотографии од настаните кои ја одбележаа 2011 година.
Рускиот фотограф од Екатеринбург кој твори под псевдонимот Ека, преку играњето со оган се обидува на запалените или изгаснатите чкорчиња да им вдахне сосем нови облици.
Лондон, град во кој е измислен смогот и во кој, збиени како сардини во конзерва, се туткаат возилата по тесните улици. Но, Лондон е и град во кој велосипедот се наоѓа на врвот од превозниот синџир на исхрана.
Неколку интересни дела од колективот Mentalgassi кој создава интригантна улична уметност.
Хумористичен приказ за тоа како настанале некои од најпознатите светски логоа.
Американскиот воен брод, кој во Втората светска војна превезуваше војници на фронтот, по своето пензионирање доби похумана и помирољубива улога. Бродот Вандерберг, кој е надвор од употреба уште од 1983 г., сега започнува сосем поинаква „кариера“.
Еден дел од творештвото на германскиот уметник Јенс Хесе е инспириран од дисторзираните сателитски слики. Тој моментално работи и живее во Белгија.
Иако начинот на цртање преку техниката „поврзи ги точките“ најчесто се поврзува со детските боенки или задачите во енигматските списанија, уметникот Томас Павит оваа едноставна техника ја подигна на едно сосем ново рамниште.
Фотографот Ден Маунтфорд е познат по своите фотографии создадени преку двојна експозиција. Во тоа можете да се уверите преку изборот од седумте најрепрезентативни негови фотки кој го направивме.
TrustoCorp е млада група анонимни улични уметници. Овие уметници создаваат улични знаци кои се многу слични со вистинските. Нивна цел е исмејување на општествените пороци или политичкиот систем.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.