Илустраторот Роб Доби се потрудил детално и со соодветни објаснувања да ни ги прикаже типичните претставници на субкулктурните движења од првата и почетокот на втората деценија на 21-от век.
Чешкиот илустратор Горан Патлејч, кој живее и работи во Прага, очигледно знае кои филмови ги содржат најдобрите реплики, па во нивна чест создаде илустрации на кои се прикажани главните ликови и нивните незаборавни изјави.
Ви ја претставуваме прилично провокативната и концептуална уметност на Тим О’Брајан. О’Брајан е илустратор и портретист чии интригантни и имагинативни илустрации се објавувани во многу светски списанија.
Московскиот илустратор Олег Дурјагин неодамна одржа изложба во галеријата Senda, Барселона. Таму тој се претстави со својата најнова серија илустрации со наслов „Младенчиња“.
Стигнавме и до јубилејното, десетто издание на интересно илустрираните факти и занимливости од секојдневниот живот. Оние што сакаат да се потсетат на останатите, можат да ги најдат на следниве линкови:
Вонземјаните напаѓаат! „Invaded by Little Aliens“ е проект на уметникот Дмитриј Максимов. Станува збор за мешавина од дигитални илустрации и фотографија, со цел да се создаде еден микросвет, исполнет со самотија, во кој чудни суштества го истражуваат светот.
Ким Даехјун, кој твори под уметничкото име moonassi, создава интересни илустрации во кои поединците и настаните се ставени во одреден зен контекст.
Во 1869 г. се појави идејата да се претстават мапите на европските земји преку човечки фигури во современ контекст. Оваа замисла набрзо беше преточена во атлас под насловот „Geographical Fun: Being Humorous Outlines of Various Countries“.
Секоја земја има некоја позитивна карактеристика која е многу специфична за нејзината култура. Многу земји се сметани за среќни бидејќи поседуваат одредени особености кои често ги охрабруваат луѓето да се преселат во нив.
Можеби со грозење ќе го тргнете погледот или запрепастено ќе зјапате во смелите идеи на творците на овие реклами, но сепак едно е сигурно - ниту една од нив нема да ве остави рамнодушни. Па, да видиме дали сте од цврст ков.
„24 часа во...“ е серија илустрации на бразилскиот уметник и дизајнер Фернандо Волкен Тогни, изработена за списанието Oryx. Целта на овие неверојатно креативни илустрации е описот на 24-часовниот живот во разни светски градови.
Оваа серија рекламни плакати за американскиот весник за финансии и економија, Wall Street Journal, е дело на американскиот уметник Дејвид Хабен.
Овие посебни и чудни цртежи се нанесени врз фотографиите од некои вообичаени, секојдневни мотиви на градските улици, различни интериери или живописни пејзажи.
Луба Лукова е уметничка која живее и работи во Њујорк. Позната е по својата визуелна „дрскост“ и социјалните пораки во своите илустрации, и токму поради тоа Лукова спаѓа меѓу најоригиналните илустратори во Њујорк денес.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.