Уметникот Џо Хамилтон за ова видео вели: „Ја направив оваа анимација за да го документирам мојот процес на плетење на еден од поголемите портрети, од почеток до крај. Техниката за плетење која ја употребувам овде ја научив од мојата баба“.
Луѓе кои дошле да се релаксираат во едно козметичко студио наеднаш се наоѓаат во ковчег опколен со ожалостени лица.
Еден низок човек замолува случајни минувачи да го снимаат неговото запросување на идната сопруга. Само што, таа не е онаа која очекувавте да биде.
На новата интернет страница која ја отвори, Story of Send, Гугл се потруди да им објасни на своите корисници како функционира е-поштата.
Мало девојче замолува случајни минувачи да ѝ го причуваат кученцето додека оди во тоалет. Во меѓувреме, едно поголемо куче, се чини, го проголтало помалото додека вниманието на минувачите е свртено кон туристите со мапи.
Погледнете го краткиот филм кој ја прикажува еволуцијата на мобилните телефони од 1985 година, кога се појави првиот мобилен телефон (Motorola DynaTAC), па сè до денес, кога го имаме Iphone.
Едно дрво е приклучено со кабел за струја. Еден човек го истргнува кабелот од приклучокот и... за да го дознаете исходот, сепак ќе мора да го погледнете видеото.
На штанд за собирање добротворни прилози, една девојкa им го разубавува денот на мажите, сè додека не се појави еден постар геј.
Еден човек во инвалидска количка замолува случаен минувач да му помогне да стане. Однекаде се појавува Исус и го излекува човекот, кој сега повторно може да оди. Но, наеднаш, Исус почнува да лебди, на огромна зачуденост на останатите минувачи.
„Ова е посветено на бубашвабата која живееше исполнет живот. Почивај во мир, мало пријателче“, гласи пораката на проектот наречен Bug Memorials на американскиот колектив Carmichael Collective.
Песната на Чарлс Буковски „The Bluebird“ претставува една тивка и продуховена медитација за познатиот аспект на човечката состојба - нашата принуденост да го скриеме и придушиме нашето најнежно и најранливо ЈАС.
Сите ја знаеме таа бајка, една од најмрачните што кога било биле прераскажани. Гратчето Хамелн било преполно со стаорци. Дошол Свирачот...
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина.
Еден од најпопуларните светски филозофи и интелектуалци, во своето интервју за Ал Џезира со новинарката Мартина Кисељак, меѓу другото, разговараше и за Балканот.
Сериски убиец шета низ богатите предградија на Атина. Негови жртви се Грците кои го избегнуваат плаќањето на даноците. Нивните безживотни тела се расфрлани меѓу урнатините од стариот град.