Влегува наставничката во училницата, држејќи ги во раце писмените задачи и налутено им вели на учениците: - Срам да ви е, деца! Јас ви задавам тема за писмена задача „Славните жени во светот“, а вие ми пишувате за Нора Шакири и некоја си Лејди Гага! Зошто никој од вас не се сетил на... да речеме... Марија Кири?!
На ова учениците почнуваат да шушкаат, да се погледнуваат, а потоа и да се смеат.
-Сега ви е и до смеење, срам да ви е! - налутено им вели учителката.
На ова, една ученичка станува и поучно вели: - Наставничке, не се вика Марија Кири туку Мараја Кери!
Седнала плавуша во авион за Њујорк, во бизнис класата, а имала карта за економската класа. Дошла стјуардесата и ја замолила да стане, но плавушата ја игнорирала. Дошла друга стјуардеса и ја замолила - никаква реакција. Дошол копилотот - исто. На крајот дошол пилотот и и’ шепнал нешто во увото, по што оваа со брзање станала и се префрлила во економската класа. Останативе зачудено го прашале како успеал да ја натера да стане.
- Многу едноставно, - рекол пилотот - и’ реков дека овој дел на авионот не оди за Њујорк.
Прави новинарска екипа анкета и застануваат пред еден скопјанец. Тој го гледа љубопитно микрофонот и го прашува новинарот: Што ти е ова?
На часот по општество за петто одделение, наставникот им раскажува на учениците за наркоманијата и ефектите од делувањето на опојните средства:
- Дваесет до шеесет минути по внесувањето во организмот, дрогата предизвикува ослободување на енергија и еуфорија. Доаѓа до зголемување на будноста и енергијата, како и потиснување на жедта, заморот и сонот. Се јавува живнатост и расте чувството на блискост со другите личности, а можно е да се игра на музика со часови. Звуците, боите и емоциите изгледаат и се доживуваат поинтензивно, и се јавуваат халуцинации.
Еден од учениците крева рака и прашува:
- Наставнику, а имаат ли дрогите и лоши страни?
Што би се случило кога во градите на некој од нашите највисоки неодговорни партиски челници ќе се пресади срце на одговорен демократски политичар?
- Во основа - ништо. Кај нашите политичари, партиските челници, срцето нема никаква улога!
Фаќа Бил Гејтс златна рипка и таа му вели:
- Те молам, врати ме назад во водата.
Бил ја фрла назад рибата, а рибата му вели:
- Еј, Бил, а желбите?
На тоа Бил и’ одговара:
- Добро, ајде, кажи што сакаш?
Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.
„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.
Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.
Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.