Распеаните Скопјани овој викенд во својата подрумска лабораторија испеаја песна за сите (не)прилики со која порачаа:
FUCK YOU власт, затоа што ни е доста од вашите "гранде" проекти, црвени ленти и лопати, додека народот се дави во сиромаштија, а долговите за вашите монструми од градби ќе ги плаќаме не само ние туку и нашите правнуци.
FUCK YOU опозиција, затоа што сте инертни, мрзливи а тоа ве прави соучесници во злосторот.
FUCK YOU вжештени верско-националистички глави, затоа што вашите валкани на-ти-го-дај-ми-го кој-прв-почна игри се крвави.
FUCK YOU мегафони и останати "објективни" медиуми, затоа што во континуитет сеете магла и невистини и го контаминирате и онака кревкиот медиумски простор.
А вие - земете ја песнава како своја и слободно залепете ја на ѕидот на вашата омилена хејт група, ѕидот на вашиот наци-комшија или пратете ја по мејл на вашиот хомофобен чичко. Не заборавајте да ја зачините со пцовка.
После 5 години постоење, 2 EP изданија, 2 LP изданија, отсвирени скоро 300 концерти, поминати стотина илјади километри по автопати и локални патишта низ 29 земји во Европа... Кратово, Виница, Гевгелија, Битола, Куманово, Штип, Тетово, Кичево, Велес, Гевгелија, Охрид, Кочани, Прилеп... Bernays Propaganda свират целовечерен на 17.02 во СКопје во МКЦ денсинг сала!!!
Bone to the dog е песна која ќе се најде на третиот албум на бендот.
Снимката е направена во клубот Творница во Загреб, Хрватска на 03.02.2012
Терминот „Македоноиди“ беше промовиран од секретарот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Ниче Димовски во неговата „Македонска Молитва“ каде што лично Господ им се обраќа на Македонците.
Резултати од анкетата спроведена помеѓу германските интелектуалци, политичари и бизнисмени. Зборуваат за Европската унија, нејзината сегашност и иднина, како и за причините зошто треба, односно не треба да ѝ се помогне на Грција.
После целиот (изминат) век на воспитување на народот за потполна послушност спрема навидум спротиставените тоталитаризми и спрема шарениот, но не и безопасен тоталитаризам на капитализмот, да всадиш бунт како граѓанско однесување е тешка и долга задача, вели Светлана Слапшак.
Васил Костојчиноски: Парламентарната демократија во Македонија подолго време е во криза. Три основни причини ја детерминираат: политократијата, моделот на етноцентричен консенсус и, секако, економската и социјална криза.