Боли глава

Владата, со потпис на Фатмир Битиќи, без надомест додели простор на непозната невладина организација

Владата, со потпис на Фатмир Битиќи, без надомест додели простор на непозната невладина организација, меѓу чии основачи е впишан и поранешен бизнис-партнер на самиот вицепремиер.

Со одлуката од 13 февруари, владата даде 650 квадрати, во склоп на Драмски театар на трајно користење на здружението „Неимар-13“. Тоа е посебната зграда од два ката, залепена до театарот.

Две недели подоцна, истиот ден откако БИРН побара Битиќи да ја објасни оваа одлука, владата донесе нова одлука, со која ја поништи претходната и објектот повторно му го додели на Драмски.

Јасмина Јакимова и Васко Маглешов, Призма, 29.02.24.

нема
01.03 10:43
Многу е убаво, не знам дали моето чувство или самиот град

Колега од Италија е на работен состанок во Скопје и ми ги опишува неговите впечатоци од центарот на градот:
„Ми се допаѓа, речиси кич, но на пријатен начин. Се чувствувам како на сет за снимање на холивудски филм - последен пат имав такво чувство кога бев во Чинечита додека Фелини снимаше едно од неговите ремек-дела. Многу е убаво, не знам дали моето чувство или самиот град. Сѐ е поголемо од очекуваното, таман мислиш дека има сѐ што може да видиш на едно свртување околу себе, здогледуваш и бродови - како во Вондерленд. И толку многу статуи што за една девојка која седи на сонце покрај реката помислив дека е статуа."

Тања Аждаја, Фејсбук, 28.02.24.

нема
28.02 22:08
Од промената на пасошите државата ќе инкасира околу 32 милиони евра

Според последните податоци сепак има 1 милион и 210 илјади променети пасоши, и околу 1 милион и 100 илјади променети лични карти, како и 540 илјади возачки дозволи. Притоа, според достапните податоци само од замената на личните карти кои се неколкупати поевтини од пасошите, досега државата инкасирала над пет милиони евра. Проценките што беа објавени се дека од промената на пасошите, пак, државата ќе инкасира околу 32 милиони евра. Се разбира, никој не се сети дека државата треба да се откаже од овој непланиран ќар и да ги издава бесплатно документите кои што се менуваат на нејзино барање, а не зашто им истекол рокот. Политичките елити и овојпат, како во случајот со зголемувањето на своите плати за 78 отсто, не мислеа на граѓаните, а во својот егоизам дури и заборавија дека наскоро од истите тие граѓани ќе бараат гласови за да се одржат на власт.

Соња Крамарска, Дојче веле, 14.02.24.

нема
27.02 12:13
„Сега ти среде црни ноќи ќе одиш да пречекаш пасоши на граница“

Замислете состанок на кој некој кому му даваш грдни пари за да ти води односи со јавност ти вели: „сега ти среде црни ноќи ќе одиш да пречекаш пасоши на граница, со сите моди и обавезно ќе се сликаш, тоа ќе ни донесе повеќе гласови, ќе растуриме.“
И ти со воодушевување викаш: „леле, одлична идеја! Одам!“

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 23.02.24.

нема
23.02 19:46
Историска пресвртница

Да биде цинизмот поголем, за имплементацијата на новото име на државата се грижи министер од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го негира Преспанскиот договор и која организираше протести против неговото склучување. Тоа се историски лекции кои говорат посилно од сите аргументи и сведочат дека ставовите не го обликуваат времето, туку времето ги обликува ставовите. Оваа партија, која сериозно претендира за власт на претстојните избори, ја напушта воинствената кота од која испалуваше тешка артилерија против договорот од Преспа и ја презеде задачата да се грижи за исполнувањето на последните обврски кои преостанаа од него. Тоа е бездруго историска пресвртница која заслужува посебна анализа.

Соња Крамарска, Дојче веле, 14.02.24.

нема
21.02 14:49
Војната мора да се донесе во Русија

Ако Украина не успее, ќе биде страшно. Милиони Украинци ќе ги напуштат своите домови и ќе ја загрозат кохезијата на Европа. Тоа исто така ќе покаже дека Западот не е во состојба да спречи диктатор како Путин, кој бесмислено жртвува стотици илјади свои војници во ужасно крвопролевање. Токму затоа на Русија мора да и се покаже дека не може повеќе да продолжи на овој начин. Русија мора да го признае правото на постоење на своите соседи. Војната мора да се донесе во Русија. Руските воени локации и командни штабови да бидат уништени.

Родерих Кизеветер, германски пратеник (ЦДУ), Дојче веле, 19.02.24.

нема
19.02 11:06
Мајко мила, каков ли дел од експеримент сме...

Поминаа пет години и дочекавме во сред дебатна емисија на Топ Тема министерот во живо да потпишува правилници за да не нѐ фати полноќ и да може да се патува со налепници.

Мајко мила, каков ли дел од експеримент сме, што ли сме...

Мери Јордановска, Фејсбук, 13.02.24.

нема
14.02 11:19
Вакво лудило не е видено!

Па вакво лудило не е видено! Јавно им се извинувам на сите што сум ги хејтал оти извадиле некаков друг пасош, за „не дај боже“. Во Маќедоња, секој ден е „дај боже“.

МВР: „Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава.“

Герман Филков, Фејсбук, 11.02.24.

нема
12.02 16:53
Морам да го откажам патувањето и да тужам

Вака. Ни пасош земав, ни л.к. земав, а после целата голгота сфативме (неколку од нас) дека колите уредно паркирани на платен паркинг на Град Скопје, ни ги земал пајак на ПОЦ. Пасошот е готов, ама не е тука, не е ни по пат (од каде што ги прават до шалтеров за издавање). Каде е? Не знае никој. Личната ми била пратена и да ја барам од подрачната на МВР во Газа Баба. Откако си ја земав колата од пајак и се олеснив неколку илјади денари, одам во полициската во Гази Баба каде ми рекоа дека нема таква л.к. Уште и навредени дека мислам дека лажат оти сум рекол „ама од МТВ ми рекоа дека е тука“. Викаат дека на 80.000 жители во Гази Баба досега им стигнале само 400 л.к. 400! Е па стварно нема шанси мојата да е меѓу 0,5%. Чаре? Нема. Морам да го откажам патувањето и да тужам. За паркингот? Приговор можел да се достави само во полициска Пролеќе. Ќе одам и таму. Ме фати инат.

Герман Филков, Фејсбук, 06.02.24.

нема
06.02 14:45
Таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско

Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!

Владимир Трајковски, професор на УКИМ, Фејсбук, 01.02.24.

нема
05.02 10:25
Сосем природно е СДСМ да го бара сојузникот кај вистински левичари

Партијата Ветвендосје, по официјални патишта или просто по органски пат на нејзината популарност во албанофонската сфера, има влијание меѓу Албанците во Македонија. И тоа е релевантно, и нешто со што социјал-демократите треба да се запознаат, да го разберат како процес, да ја разберат природата на таа популарност. Ветвендосје е партија на лев популизам, партија која Гардијан пред некоја година ја прогласи за најпрогресивната партија во Европа.

Доколку почитувачите на оваа партија во Македонија добијат гласност и видливост, креираат сопствена партија или ги преточат овие вредности во некоја друга партија, тоа е добро за целото македонско општество, независно од етничките разлики. Сосем природно е СДСМ да го бара сојузникот кај вистински левичари, наместо кај десно ориентирани, антиевропски, традиционалистички партии.

Катарина Колозова, Цивил Медиа, 22.01.24.

нема
02.02 16:31
Се надевам дека нашите стратешки партнери ќе го сменат својот наратив

Се надевам дека нашите стратешки партнери ќе го сменат својот наратив. Сѐ што може да се напише на хартија може одново да се напише.

Иванка Василевска, пратеничка и членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ; Слободен печат, 24.01.24.

нема
31.01 15:28
Руската амбасада ќе издаде соопштение, и тие доминираат со просторот тој ден

Ќе направам една паралела бидејќи, покрај политичките теми, доминираат и темите од областа на безбедноста кога станува збор за дезинформации. Меѓутоа, доминираат и темите на стратешкиот пат на државата. Еве на социјалните медиуми, имаме извонредна комуникација со странските, меѓународните организации и фактори. САД, ЕУ, бројните амбасади со седиште во Скопје, со кои работиме многу заеднички проекти. И кога некои амбасадори ќе го користат, на пример, македонскиот јазик, за да го честитаат празникот на државата, тоа поминува незабележано. Од друга страна, Руската амбасада ќе издаде едно соопштение, и тие доминираат со просторот тој ден, а можеби и многу подолго од еден ден.

Никола Дујовски, Civil media, 25.01.24.

нема
29.01 11:12
Морам да ви раскажам колку си се смеев вчера на сопствената несмасност, појавност, горопадност

Се спремаме семејно за во кафана, да се дотераме, нели. Си го вадам шарениот фустан што го купив пред нова година, да го облечам, да бидам Сека Сабљиќ у кафана. Го вадам од закачалка и гледам под едната мишка отпарано малце. Викам, е добро де, ништо страшно, ќе го закрпам. Го прегледувам фустанот и гледам дека и под другата мишка дупка, онолкаа! Си викам: ова е невозможно. Но, изгледа премногу ги имам кревано рацете и се направиле дупки и под двете мишки од притисокот на цицкиве.

А фустанот ми е безмерно точен насекаде, освен очигледно кај што пукнал. И си седев така со конците и иглата во рака и си реков: не, ова не може сега да се поправи.

Одбрав еден друг и излеговме.

Во кафана си се мислев колку сум голема и смешна и се прифатив и си каснав јагнешко.

Ана Голејшка Џикова, Фејсбук, 22.01.24.

нема
25.01 20:39

Препорачуваме

Фанта-финта со Преспанскиот

Сиљановска ѝ наштети на својата партија, а на политичките противници им даде неочекуван подарок.

Истакнати права на гордост

Библискиот народ на својот Творец му се оддолжи со срамно молчење и со една полиуретанска скулптуричка обоена со златна боја за ќунци.

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото