Боли глава

Да не боли глава

Ги повикувам сите да излезат на избори, дури и ако ги боли глава. Нека испијат аспирин за да не ги боли главата следните четири години.
Иво Санадер, хрватскиот премиер, ги повикува гласачите да излезат на локалните избори закажани за 17 мај 2009

13.04 2009
Докажи дека не си виновен

„Во образложението на пресудата, судијата Јани Нича, објасни дека Тупурковски и Андонов не успеале да докажат дека не се виновни“.

07.04 2009
Контрамитингаш

Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква.
Јанко Јадибурек, 27.03.04, на својот блог
 
Клетиот Турчин против македонскиот народ, пак
Бараме веднаш да престане хајката против МПЦ и македонскиот народ.
МСУ никогаш не реагирала против изградбата на 8 џамии во Скопје и 51 џамија од Карпош до Кичево, само во последниве 10 години.
Затоа, бараме Ѓунер Исмаил, Ерол Ризов, Срѓан Керим и Велија Рамковски преку нивните медиуми да престанат да прават хајка поради изградба на 1 (една) црква.
Македонска студентска унија

02.04 2009

Да беше опозицијата организатор, немаше да бидеме тепани, да нема дилеми.
Љубомир Фрчкоски (изјава по повод инцидентот на плоштадот на 28.03.2009)

31.03 2009
Лолита, Букарски и Јадибурек

Јанко, ти се восхитувам, од првиот момент кога го чув твојот глас знаев дека тоа не е глас на обичен човек, имаш непобитен Мартин Лутер Кинг квалитет, не е чудо што луѓето имаат потреба да ти се исповедаат. Те љубам.
(LOLITA 30 Март, 2009 - 01:29 |)

Јанко, исклучително те ценам. Особено со овој твој последен гест и држење околу целата ситуација уште повеќе ме фасцинира.
(aleks.bukarski 30 Март, 2009 - 01:48|)

Хал 9000 вели -
најдобро е едно битие што може да стори е да работи најдобро што може во склад на своите способности
(jadiburek 30 Март, 2009 - 02:20|)

коментари на блогот на Алекс Букарски

30.03 2009
Инцидент на историјата

Хемијата меѓу Груевски и Караманлис е најлошото што го видел некој некогаш. Да ги имате овие двајца лидери на две критични позиции во исто време е еден вид инцидент на историјата. Сè што произлегува од нивната работа е многу фрустрирачко и не води кон решение.
Брус Џексон, одговорен за НАТО-проширувањата

25.03 2009
Легнување и станување со Македонија

„Јас легнувам и станувам со Македонија.“
Ѓорѓе Иванов, изјава при дебатата на претседателските кандидати во ТВ Сител

20.03 2009
Предизборна клетва

„Тие што мислат добро, добро ќе ги снајде. Тие што се лоши со лошо им се враќа и злото ќе ги следи до седум поколенија.“
 
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Могила

19.03 2009
Космодиск демократија

„На реклама за космодиск викаат шашаво изгледа, ама функционира. Нашава демократија е како космодиск демократија - на некого може шашаво му изгледа, ама Македонија функционира.“

Ѓорѓe Иванов

извор: А1 телевизија, 26.02.2009

19.03 2009
Антика и антиквизација

„Антиквизацијата е алиби на некој што го вади овој процес од неговата главна линија. Тоа е за луѓето што пијат „антика“ во кафеана. Тоа е сигнал на немоќ на одредени луѓе да се соочат со реалноста.“

Ѓорѓе Иванов

Изјава дадена на ТВ дебата на телевизија Телма

19.03 2009
Заглавен лифт

„Па не оддалечија, затоа што како што спомнав  додека другите со леснотија тоа го правеа и влегоа во лифтот и лифтот  ги однесе во ЕУ и НАТО нашиот лифт го заглавија. Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност...“

Интервју на Ѓорге Иванов на Радио Илинден во мелбурн, 15 февруари 2009

19.03 2009

Нема инвентивност, едвај чекаат бисер од мене, па да ловат. Нека излезат со визии и концепти, а не со чаршиски муабет.
Ѓорѓе Иванов

16.03 2009
1
Фрчко „костоломац“

Ја буткаат варијантата како да ќе владеат 100 години. Нив ќе им се случи напролет крах. Ние нема да им дозволиме до пролет. Ние на 22 март мораме да им скршиме нога.
(изјава на митингот на градскиот плоштад во Прилеп, 02.03.2009.)

13.03 2009
Хуманитарен автогол

 Ги замолив сите мои студенти да му помогнат, бидејќи човекот е сепак поранешен амбасадор, политичар, и на што ќе личеше тоа да не ги собере потписите, да го исмејуваат.
Ѓорѓе Иванов
(Изјава по претседателскиот појадок во Тетово, 12.03.2009)

12.03 2009

Препорачуваме

Фанта-финта со Преспанскиот

Сиљановска ѝ наштети на својата партија, а на политичките противници им даде неочекуван подарок.

Истакнати права на гордост

Библискиот народ на својот Творец му се оддолжи со срамно молчење и со една полиуретанска скулптуричка обоена со златна боја за ќунци.

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото