„Левица“ - навидум имаме трета опција со навидум нова понуда

04.03.2024 20:55

Челниците на Левица покажаа капацитет да препознаат дека ова социјално место не е празно, туку политички и тоа како потентно и успешно да го мобилизираат во свои цели. Така, денес, оваа маса на разочарани луѓе конечно има своја опција. Проблемот е што и оваа опција, иако бројна според припадниците, е политички празна. Па така, навидум имаме трета опција со навидум нова понуда, која во реалноста не значи ништо друго, освен десничарски концепти, популизам, перформанси на непослушност и храброст, и сето тоа набилдано со стероиди. Оттука изборите се повеќе спектакл и манифестација отколку сериозен процес на одлучување за иднината.

Ирена Цветковиќ, Призма, 27.02.24.