1016 hPa
58 %
26 °C
Скопје - Саб, 01.06.2024 10:59
Никаква натчовечка храброст
(обично жарко срце, обична убавина)
Ни празната бесмисла на смртта
Ни автономниот морал
Туку сите тие шушумиги од другата страна
Па утре да те стават пред ѕидот
Пред нивниот стрелачки вод
Откочената пушка, куршумот в цевка
Шароликото друштво на кибритчии кодоши
Гола и боса утре да те стават
Пред тие овластени шапшали
Пред тие убијци-циркусанти
Иако не си херој
Би се смеела горко
Би се смеела слатко
Би се смеела и ти
Превод: П. В.