Видео игра: Тесла го спасува светот од Едисон

09.07.2013 08:53
Видео игра: Тесла го спасува светот од Едисон

На популарниот сајт Кикстартер, кој се занимава со собирање средства од корисниците на интернет за најразлични проекти, се појави играта посветена на Никола Тесла, насовена како Tesla Breaks the World.

Во оваа 2-D платформа, Тесла кон крајот на XIX век изработува микро пренослив предавател кој мистериозно успева да ги оживее мртвите.

Сè упатува на тоа дека неговиот проект го саботирал лошиот гениј Томас Едисон. Сега Тесла мора да ја помине целата земја и да се соочи со својот архинепријател за да го спаси светот.

Цело време играчот решава загатки, скока преку амбиси и преживува напади од зомбија.

Креатор на оваа игра е Archetype Global, мала фирма од Тексас која на Кикстартер бараше минимални средства од 5.500 долари, а за помалку од еден месец собра повеќе од 6.000.

Програмерите најавуваат дека играта за PC, MAC и Linux ќе биде достапна до крајот на годинава.

Извор: www.kickstarter.com

ОкоБоли главаВицФото