1014 hPa
83 %
17 °C
Скопје - Саб, 01.06.2024 03:02
Тоа беше како проклетство што дење гледав ѕвезди.
Ти се приближував и моите прсти се полнеа со мрак и говор.
Како скитник се плашев да легнам на патот сам и да заспијам
оти царски мрави можеа да ме сретнат и да ми ја распараат кожата.
Но ти ме качуваше во воздухот
и како птица стоев на врвот од твојата кула
а пред мене мојата душа го гаснеше громот
што светкаше во облаците.