1012 hPa
69 %
22 °C
Скопје - Пет, 31.05.2024 11:38
Камени корита глатки од галоп. Пенливи се гривите на водопадите таму. Се рони брегот и зимата во пределот се вселува, како одвај видлива, бела парализа.
Пепелавото чувство експлозија од смреки го кине. Зелено, мечти што потпалува...
Гледај ги добро планинските слики. Понекогаш напрегај го слухот! Навистина нè дели неизмерлив простор, но моето ехо секогаш е во долината. И, само ти можеш да го чуеш!