Уметнички / креативен активизам во Македонија

11.03.2024 14:38
Уметнички / креативен активизам во Македонија

Акциите на креативниот граѓански активизам и уметничките дела и интервенции во јавниот простор, во периодот од 2006 до 2020 година, за кои говори ова издание, се собрани и забележани без ревидирање, без толкување, и без ретроспективно интерпретирање, иако – гледано од оваа временска дистанца и тоа можеше да се стори, но ризикот беше да се изгуби веродостојноста на она што, кога и како точно се случило. А особено постоеше опасноста да се изгубат идеите и зборовите на самите автори, учесници во времето на овие настани, односно како тие ги објасниле причините за своите активности. Затоа, особено во експликациите на акциите, се држев до достапните податоци и сведоштвата на непосредните учесници (понекогаш тргнувајќи прво од фотографиите за да стигнам до содржината), а во помала мера до текстовите на известувачите од настаните, (вклучувајќи ги и моите новинарски прилози од тоа време). Втората причина за ваквата постапка е што, за жал, и оние медиуми кои известувале за сите овие акции на граѓански и уметнички отпор или напор за некоја промена на подобро, во голем дел веќе ги избришале од своите архиви, или пак медиумите кои известувале за нив веќе одамна не постојат.

 

ПрилогГолемина
Преземи13.52 MB

ОкоБоли главаВицФото