Храмот на Ширли

17.04.24 08:48

Експерименталниот анимиран филм на Даниеле Шерер, „Храмот на Ширли” (The Shirley Temple) базиран на The Point, расказ на Чарлс Д'Амброзио, го преиспитува односот меѓу децата и возрасните, значењето на симболите, ескапизмот и сексуалноста.

Експерименталниот анимиран филм на Даниеле Шерер, „Храмот на Ширли” (The Shirley Temple) базиран на The Point, расказ на Чарлс Д'Амброзио, го преиспитува односот меѓу децата и возрасните, значењето на симболите, ескапизмот и сексуалноста. Границите помеѓу детството и зрелоста стануваат нејасни за младата протагонистка за време на забавата што ја организира нејзината мајка.


Таму, во тој надреален простор, границите меѓу соништата и реалноста, и невиноста и желбата почнуваат да се замаглуваат, како што започнува транзицијата во зрелоста. Прошаран со сексуални референци, дипломскиот филм на Шерер е смела приказна, со остри форми и само три основни бои што ги протегаат границите на светот и ликовите што таа ги создала.

Со наративна флуидност, толку хипнотизирачка, но која е невозможна целосно да се сфати, и со визуелни материјали кои се совпаѓаат со нарацијата, деветминутниот краток филм ги истражува овие прашања, на ретко длабок и суптилен начин.

ОкоБоли главаВицФото