Кога утринава одев

19.03.2024 09:54

Кога утринава одев
на работа,
слушнав цвркот на птица.
Утрото беше снежно,
сè беше мирно, гранките бели,
и само од допирот на птиците
од гранките се ронеше снежен прав.
Тоа утро, помислив,
како да е утро од иднината
кога светот ќе биде
невин, среќен и чист.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото