Уметничко дуо на уникатен начин го прославува роденденот на Орвел

23.02.2016 01:15
Холандски уметници на оригинален начин го прославуваат роденденот на Џорџ Орвел

Холандското уметничко дуо Front404 на оригинален начин ја прослави 110 годишнината од роденденот на Џорџ Орвел, декорирајќи ги безбедносните камери во Утрехт со колоритни картонски капи за забава.

„Џорџ Орвел е најпознат по неговата книга „1984 “, во која ја опишува дистописката иднина на општество каде што населението константно е набљудувано од страна на надзорната држава, во стилот на Големиот Брат.“


„Со тоа што ги нагласуваме овие незабележителни места на кои се поставени камери кои ги игнорираме во нашиот секојдневен живот, правиме тие повторно да ни го привлечат вниманието, се обидуваме да создадеме свест за тоа колку многу камери нè набљудуваат во денешно време.“ И да потсетиме на тоа колку надзорната држава за која станува збор во книгата на Орвел е сè поблиску и поблиску до реалноста“ - велат уметниците. 


Front404 е уметничко дуо составено од уметниците Томас Ворфт Хеке и Бас ван Орле. Тие работат на различни уметнички проекти, фокусирајќи се на интерактивни инсталации.


Извор: www.buzzfeed.com

ОкоБоли главаВицФото