Сонливиот психоделичен свет на Катја Лифшин

19.03.24 13:05

Претставуваме избор од неодамнешните дела на украинско-израелската уметница Катја Лифшин. Користејќи главно сина и зелена палета на бои, таа создава сонлив свет во кој се отвора простор за надреални елементи. Во нејзините слики главни ликови се често млади девојки и жени, а фокусот и вниманието се на нивниот идентитет, чувствата и сликата за себе.

Природата е постојана тема и референтна точка во уметничката практика на Лифшин. Во нејзините дела можат да се видат специфично неконвенционални природни феномени како што се биолуминисценција или дрвја со спирални стебла.

Нејзиниот надреалистички свет е инспириран од секојдневниот живот и психоделичните искуства. Нејзините дела, исто така, изразуваат постојана промена помеѓу светлината и темнината - двојност што ја рефлектира уметничката интерпретација на постојано променливите емоционални состојби.

Осцилирајќи помеѓу човечкото и вонземското, уметноста на Лифшин ги поврзува човечките искуства и нивните природни средини. Нејзините женски фигури ја користат својата физичка и ментална флексибилност за да ги пробијат границите и да го најдат својот пат во светот.

 

Извор: https://www.booooooom.com/

ОкоБоли главаВицФото