Изложба на фотографии во Галерија „Рудиќ”

03.04.2024 11:29
Изложба на фотографии во Галерија „Рудиќ”

Фотографија на Боро Рудиќ

Во Галерија „Рудиќ” денеска од 19 часот ќе биде поставена клупска изложба на фотографии, „Елема 2024”, која го означува творечкиот континуитет на Фото клубот „Елема” низ годините на своето постоење и промовирање на фотографската уметност.

На изложбата, како што е најавено, ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори како што се Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.

Како што информираат од „Елема”, првата годишна клупска изложба ги најавува идните активности на Клубот.

ОкоБоли главаВицФото