Сенилност

31.10.2011 11:09
Сенилност

Романот „Сенилност“ е објавен во 1898 година и според многумина е најзначајно дело на Итало Звево. Иако напишана на крајот од XIX век, по својот сензибилитет „Сенилност“ ги најавува најважните книжевни опсесии на XX век. Тој е автор преокупиран со „окнижевување на животот“. Според него, дефинитивно „мртов“ е само оној живот кој не е прераскажан. Единствено ако постоењето го раскажеме или „окнижевиме“, односно ако го прочистиме низ филтерот на книжевноста, ќе можеме да се изземеме од „ужасниот, реален живот“, со тоа што низ литературниот збор одново ќе го оживиме виталното искуство од минатото, и сите оние желби и пориви кои во животот се често потиснати и задушени.

Итало Звево (1861-1928) е италијански прозаист и драмски автор. За неговото откривање како писател големо влијание ќе изврши Џејмс Џојс, но признанието дека е еден од најзначајните модерни италијански писатели, ќе го добие дури по својата смрт. Звево во романите нуди впечатлива визија за декаденцијата на градскиот човек сместен во космополитскиот амбиент на градот Трст. Врвот во прозата го достигнува преку суптилното истражување на длабоките слоеви на човековата свест, а тој е еден и од првите автори кој обичните секојдневни реакции на луѓето ги користи за да ги расветли од фројдовска перспектива.

Книгата е во издание на Темплум и можете да најдете во книжарниците низ Скопје, по цена од 370 денари.

We've arvried at the end of

We've arvried at the end of the line and I have what I need!

ОкоБоли главаВицФото