„Фантом Шангај“ - фотографии од градот што исчезнува

05.11.2016 13:32
„Фантом Шангај“ - фотографии од градот што исчезнува

Канадскиот фотограф Грег Жирар, во неговата последна серија фотографии „Фантом Шангај“, ги документира остатоците од стариот Шангај, кој исчезнува пред напливот на модернизацијата на градот и интензивната изградба на нови згради и населби.

Сведоштвата на урнатините среде модерните градби и една ера збришана од масовната урбанизација, Жирар ги документираше и во книга која го носи истиот наслов како и серијата фотографии - „Фантом Шангај“.

Освен што предизвикува чувство на носталгија по изминатото време и начин на живеење, Жирар со своите фотографии го покренува и прашањето за тоа што значи модерниот начин на живеење и уредување на градовите.

Извор: www.greggirard.com

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори / Фотографија
Активизам / Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото