Најдобрите вицови на Окно во 2019 (2)

03.01.2020 00:21
Најдобрите вицови на Окно во 2019 (2)

Кога се венчале Стресот и Сиромаштијата, бидермаерот го фатила Македонија.

***

- А ти кое одделение си?
- Нервно.

***

- Чук чук.
- Кој е?
- Емотивната сјебаност.
- Па што чукаш, мамицата!? Влези, се знаеме.

***

- Добар ден, дали е тоа лудница?
- Да, повелете, што ви треба?
- Јас би да резервирам едно место за декември.
- Па вие сте луд!!!
- Значи, се договоривме!

***

Македонец не можел повеќе да ја издржи 30-годишната бедна политика во земјата и конечно решил да отиде на психијатар.
Психијатарот му вели:
– Напиши му писмо на оној политичар кој најмногу те нервира, а потоа запали го!
Македонецот:
– Во ред. А со писмото што да правам?

***

- Што заврши?
- Медицина.
- Насока?
- Германија.

***

Шест од десет Македонци живеат под стрес.
Другите четири живеат во странство.

Исповед на еден народен пратеник:
- Сè што имам, сè сум украл! Купени ми се само дипломата и возачката дозвола.

***

Состанок во јавно претпријатие.
Се соопштуваат годишните награди.
-На другарот Трпе: чевли.
-На другарот Трајчо: сандали.
-На другарот Ристо: влечки.
-На директорот: 10000 евра.
Од задниот ред се јавува Трпе:
-Така и му треба, нека оди бос, мамичето негово.

***

Фабрика прашува ѕидар:
„Како ми стои политичаров пред хала?”
„Некако многу те затвора” - вели ѕидарот.
via Тања Аждаја


Закажан е натпревар: Власта против Криминалот.
Уште една пријателска утакмица.

***

– Ало, Полиција, нѐ ограбија! Сѐ ни украдоа! Не знам како ќе живееме од сега натаму!
– Полека, полека, смирете се... Каде се случи инцидентот?
– Тука, бе, во Македонија! Многу луѓе настрадаа!
– Има жртви?! Колку луѓе настрадаа?
– Пааа, не знам точно, околу 2 милиони.

***

Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели:
– Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов!
Вториот:
– А јас изедов Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади!
Третиот:
– Е, јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: македонски политичар. Почнуваш од главата, а таму место мозок, путер! Доаѓаш до кичмата, нема коски! А кога ќе дојдеш до задникот – внатре наоѓаш уште петмина!

***

Фатиле двајца канибали еден македонски политичар и решиле да го испечат на ражен и квалитетно да се нагостат со добро згоениот функционер.
Го вртат на ражен, па едниот канибал му вели на тој што го врти:
– Не го врти толку брзо, нема да се испече внатре, нема да е вкусен.
А другиот му одговара:
– Кога го вртам бавно краде од компирите во жарот што се печат!

Влегол пијаница во автобус и почнал да вика:
„Овие од позади сите се педери! Овие напред сите се клошари, а овие по страните и во средина се сељачишта!“
Возачот на автобусот збеснал и нагло закочил:
„Повтори што рече, пијаницо низаедна! Кој е педер, кој е сељак?!
„Епа сега више незнам!“ – рекол пијаницата. „Ти толку нагло закочи што сите се испомешаа!“

***

- Се буди бо 5 наутро
- Вежба секој ден
- Си го мести креветот
- Ја чисти својата соба
- Напорно работи
- Не пие
- Помага во кујна
- Чита по цел ден
- Оди на спиење во 22 часот
Каде можеме да најдеме таков маж?
Во ЗАТВОР.

***

- Јас се викам Борче, а жена ми Верица. Сопственици сме на фирма за мебел.
- И како се вика фирмата?
- Борче иверица.

***

- Друже, жена ти е комунистка?
- Кому ниска, кому висока, мене ми е таман!

***

Жената: Драги, ти ја направив омилената торта за да се извинам што малку ти ја чукнав колата.
Мажот моментално збеснува и почнува да се дере: ШТО СИ НАПРАВИЛА?!
Жената возвраќа исто така со висок тон: ТОРТА!

***

После жестока кавга, седиме јас и жена ми во дневна. Молк, мртва тишина.
Ја прашувам: може да гледам теве?
Таа вели: Може, ама немој да го палиш.

***

Трпе ја прашува Трпана: -Што би направила ако случајно ме фатиш во кревет со некоја друга жена?
Трпана одговара: -А што би направил ти ако ме фатиш во кревет со некој друг маж?
Трпе: -Еј, не мешај курварење со тотална случајност!

***

Разговараат мажот и жената на тема секс:
– Се сеќаваш на нашиот најдобар секс?
– Не?
– Тогаш бе, кога се маскира како крадец…
– Каков крадец ма?!

Денес гола жена опљачкала банка.
Од полицијата велат дека ниеден од сведоците не може да се сети на лицето.

***

Мајсторот вели:
„Не можев да ти ги поправам кочниците, па ти ја појачав сирената на колата“.

***

Упаѓа крадец во автобус и вика:
- Рацете у вис, ова е пљачка!
А Мујо вика од позади:
- Абе иди у пичку матер, ја мислев контрола!

***

Телефонот ѕвони во полицијата:
– Ало полиција, мачка ми влезе во куќата!
– Ало, дежурниот полицаец е на телефон!?
– Брзо помагајте! Мачка влезе во куќата!
– Смирете се госпоѓо, без паника!
– Каква госпоѓа бе?! Јас сум папагал!

***

Жена започнала да се пораѓа на улица. Поминувал еден пијан.
Жената: Те молам, помогни ми!
Пијаниот: Леле, што да правам?
Жената: Повлечи го детето за главата!
Пијаниот: Опааа, излезе!
Жената: Фати го сега за нозете, сврти го наопаку и плесни го по газето!
Пијаниот го плеснал неколку пати по задникот и рекол: И повеќе да не влегуваш таму, разбра!

***

Во одделение за итна медицинска помош влегува маж со забиена шајка во главата.
Докторот:
– Да ја вадиме?
– Да!
– 500 евра!
– Ама јас сум здравствено осигуран!
– Со здравственото осигурување можеме само да ти ја искривиме, да не ти пречи…

***

Македонец на Титаник.
- Абе, брат, бродов тоне?!
- Абе уживај, на татко ти да не е!?


Кон првиот дел.

Слични содржини

Општество / Книжевност
Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото