Лажна хуманост, лажна тага, лажна пожртвуваност...

06.08.2021 13:03

На социјални мрежи, ниту се гасне пожар, ниту се хранат луѓе, ниту се градат куќи, ниту се згрижуваат животни. Тоа се прави во живо, доколку секој си ја врши работата за којашто учел, за која е платен и зашто поседува добри човечки особини. За тоа никој нема да го плати и затоа никој посебно не треба да го фали. Тоа му е работа на човекот.

Тоа што стопати ќе препостираме слики од поплави, пожари, уморни пожарникари, изгорени куќи или болници полни со пациенти, нема да им помогне никако. Ќе им помогне ако конкретно нешто направиме или ако конкретно нешто направат тие што ја имаат моќта и одговорноста за наведениве работи и луѓе.

Лажната хуманост, лажната тага, лажната пожртвуваност е масовна, и за таквите неповолни дејствија, социјалните мрежи се мајдан: полни со беспредметни критики, квалификации и озборувања, ставање на столб на срам се и секого, без или со основа, сеедно.

Ако секој си ја работи работата, општеството ќе функционира како сат.

Офелија Димковска, Фејсбук, 06.08.21.