Џејн Биркин – софистицираната муза која имаше големо влијание врз француските режисери

18.07.2023 13:11
Џејн Биркин – софистицираната муза која имаше сензационално влијание на француските режисери

Џејн Биркин беше елегантна, нежна и шармантна пејачка и филмска ѕвезда со фасцинантно, недофатливо и ослободувачко присуство на филмското платно. Тоа што беше англо-французинка, на некој начин го дополни нејзиниот ненадминлив квалитет: беше вдомена во двата јазици, како и некои други познати ѕвезди: Шарлот Ремплинг, Кристин Скот Томас и Шарлот Гензбур, ќерката на Биркин од бракот со Серж Гензбур.

Нејзина судбина беше да биде национално богатство во Франција, каде што сними многу филмови и на чуден начин беше поставена на пиедестал како икона од шеесеттите. Во реалниот живот Биркин беше манекенка, што беше и нејзина улога во филмот „Blow-Up“ на Микеланџело Антониони, нејзината прва воодушевувачка улога.

 Џејн Биркин со Дејвид Хемингс во Blow-up

Сепак, таа улога веројатно не е она што ја одреди и по што стана препознатлива кога станува збор за филмот. Нејзините подоцнежни улоги беа поважни, како и нејзиниот капацитет за креативно пријателство и соработка со филмаџии како што се Агнес Варда и Жан-Лик Годар.

Сензационалниот и озлогласен поп-сингл на Биркин од 1969 година со Серж, Je T’Aime … Moi Non Plus, со сензуалните вокали кои воздивнуваат, всушност на интересен начин мутираше во истоимениот провокативен филм од 1976 година, напишан и режиран од Генсбур. Може да се каже дека тој филм е есеј за она што сега би можело да се нарече квир, со Биркин и музата на Ворхол, Џо Далесандро.

Џејн Биркин и Серж Газбур

Во подоцнежните години Биркин беше почитувана од продуцентите и режисерите како актерка која претставува класа, способна да испорача фино избрани мали карактерни улоги, а нејзиното присуство често можеше да биде корисно за зацврстување на меѓународното финансирање на копродукциите.  

Џејн Биркин во Death on the Nile (Смрт на Нил)

Таа на духовит и самоуверен начин имаше свој придонес во два филма според Агата Кристи: Смрт на Нил во 1978 година и Зло под сонцето во 1982 година, и двата со Питер Устинов како Поаро. Во доцните деведесетти Биркин глумеше кај Џејмс Ајвори, играјќи ја осетливата г-ѓа Фортескју во филмот Ќерката на војникот не плаче никогаш, користејќи го својот аристократски англиски акцент.

Биркин соработуваше и со големите режисери на француската кинематографија, и тоа е можеби најважен дел од нејзиниот опус.

Џејн Биркин со Мишел Пиколи во La Belle Noiseuse (Убавиот проблематичар)

Во La Belle Noiseuse на Жак Ривет, таа ја глуми сопругата на сликарот Френхофер (Мишел Пиколи), кој ја напуштил сликата што ја започнал 10 години пред тоа, кога Биркин му била модел, но потоа бил инспириран да ја доврши, со нова моделка, згодната млада Емануел Беарт. Филмот нуди остроумен и потресен коментар за она што Биркин најверојатно го доживувала често: екстравагантната снисходливост и непостојаниот цинизам да ја сметаат за „муза“.


Џејн Биркин во Soigne Ta Droite

Потоа, Годар ѝ даде кратка камео улога во филмот од 1987 година, Soigne Ta Droite. Таму се појавува и самиот Годар како откачен режисер, како и француската поп група Les Rita Mitsouko која снима песна, тројца актери кои изведуваат варијација на басната Скакулецот и мравката, со Биркин како хедонистички настроена млада жена која беснее со својот љубовник во кабриолет. Биркин зборуваше со хумор и великодушност за бизарното искуство да биде дел од филм на Годар во неговата најтешка и најкомплексна форма. 

Џејн Биркин во филмот "Џејн Б од Aгнес В" на Агнес Варга

Но, режисерот кој беше најстрасно посветен на Биркин и кој веруваше во неа на начин на кој повеќето од филмската индустрија не веруваа, беше Агнес Варда, автор на една од нејзините најдуховити и најразиграни улоги. Jane B par Agnès V е документарна драма од 1988 година направена како „имагинарен биографски филм“. Тоа е надреален калеидоскоп од слики и личности, замислен и воден со вистинска љубов и почит од страна на Варда.

Џејн Биркин и Ален Делон во La Piscine (Базен)

Можеби е невозможно точно да се долови каква била Џејн Биркин за Французите и за сите други, но може да се каже дека Варда најмногу се доближи до нејзиниот лик.

Биркин беше автентична, шармантна, заводлива и енергична сила во музичкиот и филмскиот свет.

Извор: https://www.theguardian.com/

ОкоБоли главаВицФото