Направи мурал на фасадата на КСП Центар Јадро! (Конкурс)

17.08.2023 13:43
Направи мурал на фасадата на КСП Центар Јадро! (Конкурс)

КСП Центар - Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2023 година.

Зошто мурал?

Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

Насоки за конкурсот:

КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување.
Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување , разноликост и инклузивност.
Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.

Технички податоци:

👉 На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р С. Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи.

👉 КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 ден.

👉 Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата.

👉 Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година.

👉 За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

👉 Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 5 септември 2023г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

👉 Повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да добијат на мејл адресата centar.jadro@gmail.com.

Извор: https://popup.mk/

Слични содржини

Јавни простори / Европа / Уметност / Настан
Активизам / Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Балкан / Уметност

ОкоБоли главаВицФото