Како да не сум

15.02.2024 09:56

Во сè сум и сè сум,
едновремено како да не сум
тоа што всушност сум:
како гора, призрак на камен,
што се облекува во шуми
и самиот е шума;
како зрно, дозреано во тврдост,
што го крши нежна клица
па е само уште семе,
што сум? кој сум?
заљубен сум ил љубен?
плодител или оплоден?
татко сум или син,
само случај
слабо заглавен меѓу обајцата?
обајцата едновремено
дури во скриената мисла,
но сигурно целиот во јад:
неделива сум целина
но се лупам, распаѓам,
дробам, ронам,
и истекувам меѓу сопствените прсти.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото