1015 hPa
73 %
19 °C
Скопје - Сре, 08.05.2024 22:59
Во рамкитe на изложбата „Звучни слики”, денес, 14 март (четврток), со почеток во 18 часот, во Галеријата на МКЦ ќе се одржи поетско читање со наслов „Музички песни (за деца и возрасни)”.
Владимир Мартиновски ќе чита избор од песни од книгите за деца („Шах со Бах” и „Хор од задниот двор”) и за возрасни („Квартети” и „Пред и по танцот”) со цел да ги предочи нераскинливите врски меѓу поезијата и музиката.