Фигурини инспирирани од делата на Хиеронимус Бош

21.03.24 13:20

Во минатото, во повеќето домови можеа да се видат различни колекции од минијатурни предмети, во зависност од вкусот на колекционерите, кои за оние кои ги собираа претставуваа посебно задоволство и наликуваа на мали приватни музеи кои носат разновидни амбиенти.

„Човек од дрво” од „Градината на земните задоволства”

Но, како што може да се претпостави отвораа доста работа кога ќе требаше од секое од нив поединечно да се избрише насобраната прашина. Сепак, страсните колекционери знаеја да уживаат дури и во тој ритуал кој им овозможуваше да имаат средба и допир со секој од тие нивни ценети предмети на восхит.

„Ѓавол во ноќта” од „Градината на земните задоволства”

Во модерните домови, поради недостатокот на време, сѐ повеќе се избегнува собирањето на „ситни предмети”. Но, мораме да признаам дека овие фигурини на Хиеронимус Бош се навистина посебни и би можеле да му дадат на просторот еден необичен амбиент.

„Синиот флејтист”

Фигурините изработени според ликовите од фасцинантните дела на познатиот холандски сликар се штосни на свој очигледно чуден начин. Се чини дека посебно впечатливи и најзастапени се оние од познатиот триптих на Бош, насловен „Градината на земните задоволства”, но не помалку интересни се оние инспирирани од триптихот „Искушението на Свети Антониј” и други дела од познатиот сликар.

„Птица со писмо” од „Искушението на Свети Антониј”

Она што го знаеме за овие статуетки е дека не се прескапи и можат да се најдат со почетна цена од околу 45 долари, во зависност од квалитетот, големината и деталите.

„Чудовиште” од „Искушението на Свети Антониј”

„Изрод со брада”

„Хорски ѓавол” од „Јован на Патмос”

„Птица-чудовиште со тело од змок”

„Риба со кула” од „Искушението на Свети Антониј”

„Дебел стомак со кама”

„Птица-чудовиште со шлем” од „Градината на земните задоволства”

Извор: https://dangerousminds.net

ОкоБоли главаВицФото