Minimal Belgrade: фото-проект на Мирко Нахмијаш

06.04.2016 02:51
Minimal Belgrade: фото-проект на Мирко Нахмијаш

Minimal Begrade е фото-проект на српскиот фотограф Мирко Нахмијаш. Фокусиран на т.н. социјалистичка архитектура во Белград, Мирко го доловува своевидниот футуризам на градбите со минималистички, а, истовремено, комплексни фотографии.

Пред да преминете на фотките од овој одличен проект, прочитајте го краткото интервју со Мирко.

Кажи ни малку за себе. Што те привлече да фотографираш социјалистичка архитектура во Белград?

Јас сум Мирко Нахмијаш, фотограф од Белград. Имам 33 години, а со фотографија се занимавам последниве 15 години. Го сакам Белград, тука сум роден и тука сум израснал. Преку фотографијата, која е моето средство за изразување, се обидувам да им го претставам пред другите, но и да му се заблагодарам за сè.

Кажи ни малку за себе. Што те привлече да фотографираш социјалистичка архитектура во Белград?

Јас сум Мирко Нахмијаш, фотограф од Белград. Имам 33 години, а со фотографија се занимавам последниве 15 години. Го сакам Белград, тука сум роден и тука сум израснал. Преку фотографијата, која е моето средство за изразување, се обидувам да им го претставам пред другите, но и да му се заблагодарам за сè.

 

Во последно време многу уметници, особено фотографи, се концентрираат на социјалистичката архитектура низ Балканот. Кој е твојот став кон ова прашање?

Архитектурата на Балканот е импресивна и тоа што ја имаме како таква е голема привилегија. Таа треба да се искористи на што е можно повеќе начини. Потребно е повторно да се навратиме кон неа, да ја согледаме и да почнеме да ја почитуваме. Нејзината намена не е за да биде облепепувана со некакви си реклами.

Зошто мислиш дека сега е моментот кога повторно се навраќаме на оваа уметност?

Во уметноста сите периоди циклично се повторуваат. Се надевам дека е така и во архитектурата. Мило ми е што полека престанува модата на градење стаклени згради.

 

Дали би го прошрил проектот и за други градови низ Балканот?

Со големо задоволство би го проширил проектот и во другите градови на Балканот. За почеток планирам да ја фотографирам архитектурата низ градовите во Србија. Во тој случај ќе морам и да поработам на ново име. :)

 

Каква опрема користиш?

Користам Canon. За оваа серија најчесто го користев 6D + 24-105, а понекогаш и 16-35. Во прилог ви праќам и една заткулисна фотка.

Сите фотографии од серијата се уникатни, но и унифицирани. Колку време посветуваш на нивна обработка?

Некои фотографии беа повеќе, а некои помалку проблематични. Од некои требаше да се отстранат реклами, гранки, крошни…

Серијата Minimal Belgrade настана зимава, па така крошните кои се преблиску засадени не ми задаваа многу проблеми.

Воглавно е правена селекција на небото, мала колор корекција и изострување. Небото е унифицирано за да може градбите да дојдат повеќе до израз и убаво да се вклопат во нечиj стан/канцеларија како серија на ѕид.

Зошто е важна обработката?

Пост продукцијата ми помага полесно да ја раскажам и да ја претставам идејата која сум замислил.

 

Неколку кратки совети за нашите фанови?

Им советувам континуитет, да бидат самокритични и да се посветат на некоја своја серија фотографии бидејќи сметам дека на тој начин најмногу ќе напредуваат.

Извор: www.revoshot.com

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Книжевност
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија
Активизам / Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото