1012 hPa
88 %
18 °C
Скопје - Пон, 20.05.2024 03:08
На 30 октомври (недела) со почеток во 18 часот во социјалниот центар „Дуња“ ќе се одигра театарската претстава „Сите мои синови“ на Артур Милер, во режија на Горјан Аревски.
Играат:
ЏО КЕЛЕР – Чедомир Митевски
КЕЈТ КЕЛЕР – Душица Настова
КРИС КЕЛЕР – Зоран Митровиќ
ЕН ДИВЕР – Сара Климоска
ЏОРЏ ДИВЕР – Исидор Јовановски
Поради ограничениот капацитет – дојдете на време!
Вратите ќе се отворат точно во 18:00 и по исполнување на слободните места ќе се затворат.
Влезот, како и секогаш во Дуња, е слободен.
По претставата - дружба со музика и пиво.