1016 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Чет, 09.05.2024 10:28
На 27 март во џебното кино на МКЦ во 20 часот ќе се одржи театарската претстава „Симфонија на паѓањето“ според делата на Данил Хармс, а во изведба на ОС Тетар „Чекори“.
Изведбата е организирана по повод Светскиот ден на театарот.
Режисер на претставата е Петко Костовски, a aктерскиот дел од екипата го сочинуваат: Виктор Петрески, Зорица Стоименовска, Маја Ѓурчевска, Кирил Наумоски и Петко Костовски.
Билети за претставата се продаваат на касата на МКЦ, по цена од 150 денари.