Чарлс Симиќ

11.01.2023 11:50

Чарлс Симиќ е реченица.
А реченицата има почеток и крај.

Дали е тој проста или сложена реченица?
Тоа зависи од времето.
Зависи од ѕвездите над нас.

Што е подмет на таа реченица?
Подмет е вашиот сакан Чарлс Симиќ.

Колку има глаголи во таа реченица?
Јадење, спиење, и ебење, тоа се некои од глаголите во неа.

Што е објектот на таа реченица?
Објектот, мали мои,
Уште не е на повидок.

А кој ја испишува таа незграпна реченица?
Уценувач, вљубена девојка,
Некој кој се пријавува за некаква работа.

Ќе се заврши ли со точка или прашалник?
Ќе се заврши со извичник и флека од мастило.

 

Превод: П. В.

Чарлс Симиќ на Окно

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото