Концерт на „Алембик" во Jazzy бар

21.07.2023 12:53
Концерт на „Алембик" во Jazzy бар

Денес (петок), во 21 часот, во Jazzy бар во Скопје ќе се одржи концерт на македонското експериментално дуо „Алембик”.

„Алембик“ се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас гитара, мандола, вокал) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името).

Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 и е посветен на конфликтот, но и возможната симбиоза на природата и технологијата, инспириран подеднакво и истовремено од звукот на градскиот метеж колку и од птичји и китовски песни.

Досега имаат реализирано настапи како дел од програмата на „Млади за Скопје“ (ноември, 2020), како и видео настапите како дел од програмата на Културен Центар – „Јадро“, “Voice of Youth”, во организација на Youth Council, на емисијата “HelloGoodbye” на радио Амок и ред други.

ОкоБоли главаВицФото