Светови во мрежите

14.03.24 16:01

Во текот на изминатите неколку децении, дигиталната технологија имаше големо влијание - и во многу случаи целосно трансформираше - речиси сè. Од медицината до спортот, како и синџирот на снабдување, безброј аспекти од нашите животи се организирани и одредени од компјутерите.

„Технолошка мандала 201 – Циркус циркус циркус!” (2023). Изработена од електронски компоненти, бакарни жици, лак, боја за емајл, 3D печатени елементи, олово, гесо, акрилна боја, епоксидна смола, песок, златен лист, звучник, камен и МДФ.

За уметникот Леонардо Улијан од Лондон, мрежите и врските на денешните технологии обезбедуваат бескрајна инспирација.

Во големиот број тековни серии како што се „Технолошка мандала”, „Техно атлас” или „Измислени објекти”, делата на Улијан се базираат на различни теми како што се телото, глобалните мапи и аналогните објекти кои тој ги користи за да создаде дијалог помеѓу електронските системи, филозофијата и човечката состојба.

Серијата „Технолошка Мандала”, на пример, е настаната пред нешто повеќе од една деценија кога Улијан минувал низ лична криза и бил во потрага по цел во својот живот и уметничката пракса.

Неговите истражувања и експерименти во тоа време му отвораат мноштво идеи што тој продолжува да ги користи. „После десет години”, вели тој, „сè уште сум воодушевен од откритијата до кои овие дела ми помагаат да дојдам, во однос на нови концепти, но и филозофски мисли”.

 

 

Извор: https://www.thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото