Вештачката интелигенција во служба на уметноста

05.10.2012 09:57
Вештачката интелигенција во служба на уметноста

Експертите за уметност наскоро би можеле да бидат заменети од компјутерите, затоа што научници од Технолошкиот универзитет Лоренс во Детроит развиле софтвер кој може да ги идентификува, процени и опише голем број уметнички дела.

Информатичарите Лиор Шамир и Џејн Тараковски создале софтвер кој се фокусира на 4.000 нумерирани дескриптори и ја анализира формата, текстурата и визуелната содржина без каква било човечка помош.

Програмот до сега класифицирал повеќе од илјада слики, насликани од осумнаесет модерни и шеснаесет класични уметници, прецизно и без никакви грешки.

Компјутерот автоматски ги поделил триесет и четирите познати сликари во групи и така покажал дека може да ги идентификува сликарите од истите уметнички правци.

Ренесансните сликари Рафаел, Леонардо Да Винчи и Микеланџело биле категоризирани во иста група. Подоцна, програмот ги издвоил барокните сликари Вермер, Рубенс и Рембрант, Ван Дајк, Дирер и Бројгел исто така биле сместени во посебна група. истото се случило со Гоген и Сезан, како и со Салвадор Дали, Макс Ернст и Џорџо де Кирико.

Извор: klix.ba

ОкоБоли главаВицФото