Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите

09.03.2012 11:19
Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите

Причините за агресивноста и дивеењето на младите низ автобусите Агенцијата ги лоцира во компонентата со име перпетуглупиве што се наоѓа во пластичните елементи вградени во новите градски автобуси, произведени во Кина.

По повод инцидентите во градските автобуси низ Скопје, кои резултираа со ескалација на меѓуетничката нетрпеливост меѓу Македонците и Албанците, Министерството за внатрешни работи во соработка со Агенцијата за генетски инженеринг, излезе со експресна реакција и анализа на настаните. Имено, причините за агресивноста и дивеењето на младите низ автобусите Агенцијата ги лоцира во компонентата со име перпетуглупиве што се наоѓа во пластичните елементи вградени во новите градски автобуси, произведени во Кина.

Кинеските производители, по брзата дојава од нашата Агенција, известиле дека вградените елементи во автобусите биле изработени од рециклирана пластика што Кинезите ја собирале од пунктовите од областа во Пакистан, каде што живеат Хунзите и Калашите. На ова, нашиот научен тим експресно констатирал дека компонентата перпетуглупиве предизвикува реакција и резултира со агресивност кога доаѓа во контакт со ДНК-та кај единките кај кои доминира античко-македонскиот и албано-илирскиот ген. После оваа научна теза, министерката Јанкуловска и вицепремиерката Арифи, на заедничка прес-конференција констатираа дека меѓуетничките односи во Македонија се и повеќе од релаксирани, а инцидентите ги лоцираа во хемиската реакција на Македонците и Албанците на компонентата перпетуглупиве.

Арифи на пресот истакна дека агресивноста на Македонците и Албанците, кога се наоѓаат во присуство на перпетуглупиве, треба и понатаму да се анализира, а дотогаш, пластичните елементи од автобусите на ЈСП да се заменат со гумени. Поврзаноста, пак, на рециклираната пластика од Хунзите и Калашите од една страна, и македонско-албанскиот ген од друга, може да резултира со заеднички корени на Албанците и Македонците, а Хунзите и Калашите да се токму нашата заедничка нишка.

Владината делегација на чело со премиерот Груевски, која се наоѓа во посета на Индија, по оваа дојава, вети дека ќе намине кај Хунзите за да земе примероци од нивната крв кои понатамошно ќе се анализират. Каков ќе биде резултатот од овие анализи останува да видиме, но присутните на пресот можеа уште сега да го видат задоволството на лицата на Арифи и Јанкуловска од нивната можна сестринско-генетска поврзаност.

Истовремено, МАНУ излезе со предлог нашиот научен тим, кој работи на перпетуглупиве, да конкурира за Нобелова награда за хемија, а на Академијата во Стокхолм им предлага да воведат и Нобелова награда за меѓуетнички односи.

Извор: ribaro.mk

like x 2

like x 2

Едвај чекам некој херој да се

Едвај чекам некој херој да се избаци и да каже дека тепачки се случувале и во старите автобуси, па поштено да му дадам аплауз.

Био сам, бијем, биќу. Така

Био сам, бијем, биќу. Така сум го учел...