Откачени налепници за вашиот куфер

03.11.2011 16:47
Откачени налепници за вашиот куфер

Сакате вашите патувања да бидат позабавни? Ако сте малку похрабри, тоа воопшто нема да биде проблем со овие налепници за куфери кои дефинитивно ќе го привлечат вниманието на многумина, вклучувајќи ги и цариниците!

Налепниците со едноставно име „Suitcase Stickers“ се нудат за продажба со напомената дека можат да предизвикаат одредени проблеми кај цариниците и граничните службеници. Но, исто така се нагласува и фактот дека сигурно тие ќе помогнат да стекнете и некој нов пријател. Со оглед на тоа дека се ближат новогодинешните празници, овие налепници остануваат предизвик за храбрите авантуристи.

Извор: thecheeky.com