Му честитам на скулпторот, кој за една наша телевизија даде одлично објаснување: „Не е лав ако нема голема глава“. И наместо граѓаните да го прифатат тој целосно аргументиран, издржан и релевантен скулпторски став, тие му реплицираат дека „не е скулптор ако немал празна глава“. Уште и цинично го прашуваат: „А, зошто и лавовите не ги качивте на коњи“?
Катерина Блажевска, „Дневник“, 27.08.10.
Тоа е повеќе милениумски симбол на Македонија и Македонците, а реченицата што стои зад тоа може да се каже дека е “затоа што само Сонцето е постаро од Македонија“.
Влатко Ѓорчев им објаснува на играорците од Леринско за 16-кракото сонце од Кутлеш; „Канал5“, 29.08.10.
Груевски не е само лидер на ВМРО, туку национален водач на Македонците од рангот на Патрис Лумумба кај Конгоанците, Салвадор Аљенде кај Чилеанците, У Тант кај Мијанмарците, Че Гевара за латиноамериканските автохтони Индиоси - сите ликвидирани од специјалци, најмени од инспираторите на новоколонијалниот милитаризам.
Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 27.08.10.
Кога ја градевме Климентовата црква откривме гробница во која сакавме да го сокриеме Љубе Бошковски од хашките истражители.
Паско Кузман, АЛФА ТВ, 26.08.10.
Три ипол килограми јогурт, шестотини грама шунка, петстотини грама кашкавал, нешто повеќе сирење или пак три конзерви паштета - од сето ова едно четиричлено македонско семејство би можело на пример, цел месец да појадува. Така пресметала државата.
Сашка Цветковска, А1 телевизија - целиот текст тука
Поважно да има компјутери во училиштата, отколку да има саглам клозети во училиштата, оти просперитетот не зависи директно од училишните клозети.
Никола Тодоров, министер за образование; Нова Македонија, 17.08.10.
Рамковниот договор е скап проект чие одржување бара 8 илјади долари годишен приход по глава на жител, а Македонија засега едвај исполнува половина од таа сума.
Ѓорѓе Иванов, на 9-годишнината од Рамковниот договор наоѓа дека Рамковниот договор е скап проект, а Скопје 2014 евтин; Утрински весник, 16.08.10.
Насерението симболедува од идентитетанус, но владее заблудило дека станува збор за обична навистинка. На пазарот се нудат заразлични вакцени, а задолжителите на државата се амбалажат со крадити по заебанките и се законвертираат по именувачниците.
Пропагандимитар, во расказ на „Окно“,
Трагедијата на Парадата на љубовта во која загинаа 20 лица е божја казна, грев и повик на грев.
Андреас Лун, австриски бискуп кој тврди дека нема право да им суди на другите луѓе, но е убеден дека учеството на техноспектаклот Парада на љубовта е грев; Утрински весник, 12.08.10.
Тој што ќе договори промена на името во име на народот ќе биде велепредавник и ќе си потпише казна доживотен затвор.
Александар Дамовски, менаџер во МПМ, на трибина; 05.08.10.
Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.
„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.
Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.
Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.