Мислам дека чувството на секој нормален човек во земјава, кој имал прилика да ги следи изјавите, средбите и другите ни такви залагања околу евроатлантските интеграции, варира помеѓу вчудовиденост и вџашеност.
Важноста која архитектурата на училиштата, училниците, игралиштата, музеите, разните образовни институции и паркови ја имаат врз развојот на детето и начинот на којшто го учи светот околу себе, е немерлива.
Физичките промени во мозокот кои се поврзани со Алцхајмеровата болест тешко се откриваат пред да се појават клинички симптоми. Репрограмирани клетки од Алцхајмеровата болест отвораат пат за рана дијагноза и развој на лекови.
Ех, колку би сакал да пишувам за убави работи! За успесите на владата во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста. За зголемениот животен стандард. За новиот модерен трамвај во Скопје...
Специјално за „Глобус“ Стандард и Пјур излегоа со проценка дека во услови на даночно самофинансирање Македонската православна црква може да смета на буџет од околу 5.678 денари на годишно ниво.
Преку заедничка работа студентите од Техничкиот факултет во Виена минуваат низ сите чекори на развој на градбата, а на задачата ѝ пристапуваат според принципот „направи сам“, што значи дека сами ги иницираат проектите, сами ги водат проектите и сами ги градат.
Интервју со индиската писателка и активистка за човекови права Арундати Рој, во кое таа ги изнесува своите впечатоци од движењето „Окупирај“, но и прави паралели со ситуацијата во Индија.
Првиот атеист во новото доба бил Жан Меслије, поранешен свештеник кој се премислил и прв отворено го негирал постоењето на бог, и кој коментирал дека вероисповедта е средство за контролирање на масите.
Heima (Дома) е документарен филм за турнејата на Sigur Ros низ Исланд во 2006 година. Деновиве легнува како добар саундтрак за временските прилики кај нас. Иако атмосферата, енергијата, пејзажите, естетиката се светлосни години далеку од она што го имаме овде, сè што треба да направите е да исклучите ТВ, да ги стопирате фесјбук, твитер и другите „активности“ и да уживате со полни уши и очи. И да, не заборавајте да се запрашате - каде (з)греши(в)ме?
Архитектите, во моментов, се најголемите противници на власта. Повеќето од архитектите не сакаат да се продадат, да замолчат и да се укинат како професија. Тие и понатаму се подготвени да ѝ пркосат на власта.
Во една од последните колумни нашиот познат писател и универзитетски професор, Венко Андоновски, посакува да го актуелизира присуството на еден од најзначајните филозофи во 19 и највлијателните во 20 век – Карл Маркс. За жал, тој тоа го прави неуспешно.
Зборот „атеист“ (наспроти сеприсутниот назив „безбожник“, кој постои отсекогаш и во речиси секој јазик) настанал во 1566 г. и до крајот на 18-от век имал погрдно значење, а постоел само како референца во теолошките расправи.
Просторот на слободата пред сè е простор на духовната слобода. Европа е тоа што е поради Европа на духот, како татковина на духовната отвореност. Идентитетот на Европа не се потврдува со затвореност, туку со отвореност.