1015 hPa
73 %
19 °C
Скопје - Вто, 28.05.2024 10:23
Револуцијата никогаш не чука на врата
туку влегува од задниот влез
тивко
да не ја чуе таткото кој дреме пред телевизорот
тивко
да не ја вознемири мајката
(за која Таа е само еден безначаен вртеж на центрифугата
на машината за перење)
и низ ходникот на тишината
на прсти влегува во собата на детето
кое ѝ се насмевнува и климнува
во знак на разбирање.
Мурал: A.Signl