Малите излози на Париз

19.10.2016 12:36
Малите излози на Париз

Германскиот фотограф Себастијан Ерас го претставивме на Окно со серијата фотографии „Подовите на Барселона“, во која ја нагласува богатата културно-уметничка разновидност која може да се најде во срцето на Каталонија.

Во најновиот фотографски проект, германскиот фотограф само ја продолжува својата опсесија со градот, овојпат документирајќи ги излозите од помалите продавници во Париз.

Себастијан Ерас во нив наоѓа вистинско богатство и шареноликост од бои, декорации и типографија. И овој проект, како и претходните неколку, тој го реализира во соработка со Pixartprinting.

 

Извор: www.pixartprinting.co.uk

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Активизам / Јавни простори / Фотографија
Фотографија / Квир / Историја
Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото