1016 hPa
46 %
30 °C
Скопје - Саб, 01.06.2024 14:00
Стеблото се влева во својата ноќ. И како одвишно лисје додева далечното ѕвонење, таа постојана свирка, која е присност на зборовите.
Фала ѝ на ранливоста која сето тоа го зборувала, осетливата рака веќе трнее, набојот гo стиска; од целото располагање - само присутноста на расплетот, а вистинската казна нè заобиколува.
Празникот е самиот спомен на трите состојби во кои го познававме: сè уште не, сега веќе и никогаш повеќе.
Превод: П. В.