1011 hPa
58 %
28 °C
Скопје - Вто, 21.05.2024 15:40
„Countdown“ (Одбројување) е видео перформанс на уметникот Александар Тиме во кој авторот сече голем лист хартија на половина.
Потоа тој половината повторно ја сече на два еднакви дела, и така сè до крајот на својот перформанс, односно, сè додека крајниот производ на сечењето не е толку мало парче хартија што не може да се исече на пола.
Александар Тиме е руски уметник кој последниве петнаесетина години живее во Данска. Изложувал низ светот и учествувал во низа уметнички проекти во Русија, Германија и Скандинавија. Повеќе за неговото дело можете да најдете овде.