Ние ќе исчезнеме како народ за на непријателот да му ја прикриеме трагата

09.08.2022 15:48
Ние ќе исчезнеме како народ за на непријателот да му ја прикриеме трагата

 

Вчера почина српскиот афористичар Зоран Т. Поповиќ. Роден е во 1957 година во Сомбор, а живееше во Панчево. Го сметаат за еден од најдобрите афористичари во Србија, во регионот, па и пошироко. Лауреат е во 2015 г. на светското признание на „Фондацијата Наџи Наман“ од Либан за вкупен креативен придонес за светската сатира. Во 2016 беше победник на меѓународниот фестивал за афоризми, „Torino in sintezi“ во италијанскиот град Торино. Добитник е на првата награда на Првиот југословенски фестивал на афоризми во 1990 во Приједор и на Ноемвриската награда во 2011 што ја доделува градот Панчево.

Преведуван е на англиски, полски, руски, шпански, бугарски, македонски, германски, унгарски и словенечки јазик. Афоризмите му се застапени во повеќе српски и странски зборници и антологии. Објавил дванаесет книги со афоризми.

Во продолжение пренесуваме десетина негови понови афоризми.


Умот денес ни е потребен повеќе од било кога. Исто како и вчера.

 

Еднаш ни падна мрак на очи и никако да се расчисти.

 

Идејата за демократија е покопана на државен трошок.

 

Ситуацијата е редовна. Критична!

 

Истрагата се врти во круг. Во зададените координати.

 

Предметот заврши во фиока за да не ја попречува истрагата.

 

Ако малку повнимателно ја анализирате фотографијата, можете за него да стекнете и клиничка слика.

 

Кризата е голема, но има уште простор за нејзино ширење.

 

Умот денес ни е потребен повеќе од било кога. Исто како и вчера.

 

Еднаш ни падна мрак на очи и никако да се расчисти.

 

Ние ќе исчезнеме како народ за на непријателот да му ја прикриеме трагата.



Избор и превод: П. В.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото