Во нејзиниот живот

27.10.2023 13:20

Не ни забележав, наеднаш се најдов во нејзиниот живот. Тоа ти се вика живот! Од предел во предел, просто не знаеш што ќе правиш со возбудите.

Впечатоци за фрлање. Сите бои на светот!

Но одеднаш почнувам да се губам. Наидуваат предели полни со тајна, студенило и одбивност.

Едновремено го слушам нејзиниот строг глас:

- Од каде ти тука? Што бараш овде? И кој
воопшто те пуштил?

Тогаш дувна и срцето ми го изгаси ко свеќа. Ме зема за рака и така темен ме води кон излезот.

 

Превод: П. В.

Мирослав Караулац (1932-2011) е српски писател, роден во Босна. Студирал романистика на универзитетите во Сараево и во Белград, каде што дипломирал со теза за Лотреамон. Докторирал на Универзитетот во Стразбур.

Караулац е поет, раскажувач, литературен историчар, преведувач. Работел како професор, новинар, драматург, коректор и предавач на универзитетите во Лион и Дижон. Тој е еден од најдобрите познавачи и толкувачи на делата на Иво Андриќ. Неговите дела покажуваат вештина на мозаична презентација, при што ситуациите и сцените, поетските слики и јазичните хронотопи се организираат истовремено околу просторната и временската оска.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото