1012 hPa
57 %
25 °C
Скопје - Пет, 31.05.2024 12:59
„Факт е дека Бранко Црвенковски е единствениот претседател кој без последици за неговото физичко здравје, го заврши успешно претседателскиот мандат. Факт е тогаш кога вашите стручни лица го водеа Министерството за внатрешни, во неразјаснети околности, двајца претседатели настрадаа.“
Гордана Јанкуловска, 13.10.2009
Јасно е ко ден дека на Енциклопедијата не и' треба хименопластика, туку темелна стручна редактура. И по сегашново „онадуење“ на МАНУ, џабе каење. Енциклопедијата треба да се ослободи од етноцентричност - дури и неолитот е дефиниран како „праисториски период во Македонија“. Треба да се „излечи“ од „етногенетски“ големи нарации и од политичка тенденциозност.
Жарко Трајаноски, „Дневник“, 14.10.09
Интелектуалците од државните институции на државна (мизерна) плата мора да им се поклонат на безобѕирните невладини активисти кои од нив бараат да се повлечат од барикадите и да ја дочекаат смртта на својата институција.
Алекс Букарски, „Дневник“, 13.10.09
Кузман мора да сноси најголема одговорност за пожарот. Манастирот датира од 11 век, а до почетокот на овој век црковните миси се одржувале на албански јазик. Во пожарот изгореа многу важни албански документи за кои се сомневаме дека се намерно уништени за да се прикрие вистинската историја за манастирот, односно дека тој отсекогаш бил албански.
Неби Дервиши, Нова Македонија, 08.10.09, нагласува дека не само што Јован Бигори бил албански манастир, туку дека албански биле и Свети Наум во Охрид, Калиште во Горно Нерези и уште многу други цркви во Македонија.
Очи темносини. Класичен костум со цвет во реверот. Благ лиричен израз и совршен литературен јазик со беспрекорен акцент. Шарм ала Пол Њумен со таинственост на македонска мистерија на човекот кој знаеше премногу, со префинети манири на тореадор, кој со црвен плашт го намамува разјарениот бик да шлајфува во песокта.
Алекс Букарски занесено го портретира Блаже Ристовски, „Дневник“, 06.10.09
Деновиве и Аеродром влезе во центарот на Скопје. Навистина не е во првата зона, во третата е, ама центар си е центар. За (не)среќа, Ѓорче е значително подалеку од централното подрачје, па веројатно уште некое време нема да влезе во ниедна зона на паркирање. Значи, скопјани, паркирајте се во Ѓорче Петров додека можете, таму засега е без пари. Зашто ништо чудно некои наредни денови и оваа општина да влезе во паркинг-зоната, оти тоа го барал градоначалникот. А, штом е така, тогаш сигурно и ќе биде, па ако треба и ќе се прошират зоните. Всушност, азбуката има многу букви, дури 32, не само три А, Б, Ц!
Билјана Ангеловска, Утрински весник, 5. 10. 09.
Вардарци, Пиринци и Егејци. Една земја, едно име Македонци/ Никола, Никола мајка го роди /Народ да води кон светла иднина/ Никола Груевски господ го прати верба да врати во Македонија... целата песна на овој линк
строфа од сонг на Бате Геле
Неколку дена во непосредна близина на Транспортниот центар во Скопје, значи, железничката и автобуската станица, е распнат циркуски шатор. Како симбол за оние што пристигнуваат во метро(и)полата да знаат каде доаѓаат, а за оние што заминуваат, каде биле.
Јосиф Ќурчиев, Утрински весник, 02.10.09
Во својата презентација на конференцијата „Македонскиот идентитет низ историјата“, антропологот Кит Браун предупреди дека македонската национална историја е опседната со невозможни, сизифовски задачи, со обиди „да се пронајде непобитен доказ за историската долговечност, на еден колектив, на еден страдалнички народ што напредува низ времето.“ „Ниедна нација во светот не може да го исполни овој стандард“, укажа проникливиот антрополог.
Жарко Трајаноски, во колумна во „Дневник“, 30.09.09
Сиљановска ѝ наштети на својата партија, а на политичките противници им даде неочекуван подарок.
Библискиот народ на својот Творец му се оддолжи со срамно молчење и со една полиуретанска скулптуричка обоена со златна боја за ќунци.
Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!