Боли глава

Во моментите кога спортистот се самозадоволува, тој често на следниот натпревар не успева да го оствари успехот кој го посакува.
Зоран Михајлов, спортски коментатор, на „Наша ТВ“, коментирајќи го атлетскиот митинг во Брисел, 04.09.09

Виц икона
04.09 2009
Серија референдуми

„Стравуваме дека еден референдум може да биде почеток на серија референдуми во градот Скопје, и низ целата Македонија, кои можат да нè доведат до работ на сериозни меѓуверски и меѓуграѓански судири“,

Насе Хот, советник на ДОМ во општина Центар.

03.09 2009
Златно молчење

„Не смеам да давам изјави.“

Шефки Дураку, портпарол на Владата на прашање за воведување на македонски јазик кај учениците Албанци во прво одделение.

02.09 2009
Жив е?!

Него никој не го видел мртов. Дали кога било во весник или на телевизија сте виделе некоја фотографија на мртвиот Слободан Милошевиќ? Па белки некаде досега ќе се појавеше некоја снимка.

Бата Живоиновиќ, славниот глумец, верува дека С. Милошевиќ сè уште е жив

01.09 2009

Таа фрка што последниов месец се дигна околу мојата наводна кандидатура за претседател е плод на фантазија втемелена во Ничеовата теорија за незнаењето коешто раѓа страв, а мојата баба Ката отиде чекор подалеку од Ниче па рече дека на стравот очите му се големи. И тоа е сè што ќе речам за тоа. Без потпрашања, ве молам.

Милан Бандиќ, градоначалник на Загреб, за можната кандидатура за претседател на Хрватска; Јутарњи лист, 25.08.09

31.08 2009
1

Владата се бори за надминување на последиците од 19-годишното владеење на Црвенковски.
Зоран Ставрески, Министер за финансии
*попатна статистичка белешка: од последните 11 години, ВМРО ДПМНЕ е 7 години на власт

Виц икона
27.08 2009
2

Нашата држава боледува од сиромаштија и невработеност. Го допревме дното.
Никола Груевски, премиер, на 2 август 2009 година, на иселеничката средба во Трново

Виц икона
26.08 2009

Сега ќе бидеме уште поблиску еден до друг.
Бранко Црвенковски, експретседател, ја коментира локацијата на својот кабинет, кој е во непосредно соседство на премиерот Груевски

Виц икона
21.08 2009

Од сите нив, некако најмногу ми легна Орхан Памук, инаку најголем турски писател по Иво Андриќ.

Алекс Букарски во колумна во „Дневник“

20.08 2009
5

Се бориме, правиме сè... Имаме големи напори, ама некако гледате и она што требаше да биде радост, без лезет е. Имаме нов стадион, нова трибина.... Некако, како некој да фрлил клетва...

претседателот Ѓорге Иванов им се обраќа на фудбалските репрезентативци на РМ

17.08 2009
2
Рачна кочница

Власта го спроведува Рамковниот договор со дигната рачна кочница.

Љубомир Фрчкоски во вестите на А1 ТВ, 14.08.09

14.08 2009

Забраната за продажба на алкохол во вечерните часови, е заштитна мерка која ги поставува основите за односот кон ова зло, не смееме како заедница и понатаму да го потхрануваме култот на пијанството.

Алекс Букарски, Дневник 11.08.2009

11.08 2009
5
Благодарност до родителите

Неспорно стекнав одредено искуство работејќи во секс индустријата. Имам предвид дека од секогаш сум се интересирала за сексот. Мислам цел живот. Им благодарам на родителите поради тоа.

Фиона Патен, претседателка на Секс партијата, цела година се бореше за официјално регистрирање на партијата од страна на австралиските власти

10.08 2009

Секој оној кој ПРЕГОВАРА за името на Македонија го прогласуваме за ПРЕДАВНИК на македонскиот народ, ПРЕДАВНИК на сопствените прадедовци ПРЕДАВНИК на крвта на настраданите пролеана како река за самостојна и
независна Македонија и ПРЕДАВНИК на Господ Исус Христос кој ни го подарил македонското име, духот македонски и нашата македонска култура. Очекуваме од властите на Македонија да се повлечат од преговорите за името. Во спротивно кон нив, како и кон секој кој не
само што се согласува за било каква измена на името, туку што се согласува на било какви преговори ќе се однесуваме како кон предавници и ќе ги повикаме на одговорност и на суд пред македонскиот народ.

соопштение на Македонско Братство (http://www.makedonskobratstvo.org)

06.08 2009
3

Препорачуваме

Фанта-финта со Преспанскиот

Сиљановска ѝ наштети на својата партија, а на политичките противници им даде неочекуван подарок.

Истакнати права на гордост

Библискиот народ на својот Творец му се оддолжи со срамно молчење и со една полиуретанска скулптуричка обоена со златна боја за ќунци.

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото