Месец на црната историја – Уметноста како платформа за социјална правда

20.02.2024 12:17
Месец на црната историја – Уметноста како платформа за социјална правда

Амбасадата на САД соработува со Музејот на современа уметност во Скопје, со поддршка од American Film Showcase, за да ја прослави уметноста како платформа за социјална правда за време на месецот на црната историја.

По тој повод, денес, вторник, 20 февруари во 19 часот ќе биде прикажана проекција на документарниот филм со наслов „Црната уметност: Во отсуство на светлина”(2021), на режисерот Сем Поланд.

Филмот го одбележува месецот на „црната историја” и препознавањето на улогата на Афроамериканците низ историјата и ја одредува уметноста како платформа за постигнување социјална правда.

Овогодинешната тема на месецот на црната историја е „Афроамериканците и уметностите”, славејќи едно од основните верувања дека уметноста може и го менува светот. Уметноста во сите форми инспирира, воздигнува и зачувува приказни и гласови кои ја збогатуваат нашата сегашност и иднина, истовремено обезбедувајќи неопходна порта кон вистината, правдата и признавањето на минатото.

Националниот месец на црната историја настанал во 1915 година, кога историчарот и новинар Др. Картер Г. Вудсон го основа Здружението за проучување на животот и историјата на црнците, сега познато како Здружение за проучување на животот и историјата на афроамериканците (ASALH). Токму преку оваа организација д-р Вудсон (познат како „таткото на црнечката историја”) го иницирал првото одбележување на црната историја за една недела во февруари 1926 година. Било специјално избрано да ги вклучи родендените на две иконични личности кои силно влијаеле на продуктивните промени: Абрахам Линколн и Фредерик Даглас. Во 1976 година, ASALH го проширува времетраењето од една недела до целиот месец февруари. Со години американските претседатели пренесуваа пораки со признавање на месецот на историјата на црнците, но дури во 1986 година кога Конгресот го усвои Јавниот закон 99-244, февруари е официјално прогласен за „Национален месец на црната (тогаш афро-американска) историја”.

Месецот на историјата на црнците е време за чествување и размислување за извонредните достигнувања и придонеси на Афроамериканците низ американската историја. Од своето потекло како „Недела на историјата на црнците”, замислена од Картер Г. Вудсон во 1926 година, ова одбележување процвета во годишна прослава.

Слика: Kerry James Marshall

Извор:https://trn.mk

ОкоБоли главаВицФото