До Небото Замок

01.04.2024 09:56

Утро бевме убави и млади
Потстанари во замок кој се гради
Крило твое штитеше од бура
Оплемени ми глава со култура
Црна земја лепи нога
Глава горе не молам ни бога
Песна своја пеам зло да падам
До небо твој е дом јас замок градам
Моето семејно дрво е до над облаците
Нивно е небеско кралство спие на нежен облак бел
Очи полни љубов
Нè гледаат одозгора
Ме научи да бирам кај да горам
Ме научи за себе да се борам
Ме научи да мисла тече дрога
Те нема па разговарам со Бога
Небе сино рандом гужва
Газам црна земја лесна
Сираци сме синови сме
Живот земен ни е песна
Понекогаш поигрувам бог
Од своите ребра надеж точам песни
До небо скали нежни ритам строг
Да тебе стигнам чекори се лесни
Ако нема ништо горе, не ме гледаш ти
Песна, книга, меч ми даде, зборуваш во сни
Непопуста е ова песна, ако пеам знај
Ова тенко дете ќе истрае до крај

 

ОкоБоли главаВицФото