„Џез за чудаци” во „Џези”

12.04.2024 09:11
„Џез за чудаци” во „Џези”

Вечерва, 12 април, во 21 часот, во музичкиот клуб „Џези” (Jazzy), ќе се одржи концерт на Филип Букршлиев (гитара) и Дориан Јовановиќ (стик, бас, ут) со наслов „Џез за чудаци”.

„Музика за тие што пред влез оставаат храна за локалните мачки и тргнуваат во темелна потрага после секое известување за загубено милениче што ќе го забележат залепено на бандера или на поштенско сандаче; се однесуваат како побеснети ракуни секогаш кога ќе чујат милозвучна, логична и школски функционална хармонија и доволно добро ја познаваат етимологијата на терминот 𝙅𝙖𝙯𝙯 за да бидат ужаснати од помислата за институционализиран ејакулат; не поседуваат условен рефлекс кој ги тера да се лигават кога ќе го чујат ѕвончето од министерство за култура и највкусно им е кога теглите зимница во подрум ги обвиткуваат со страниците од популарните книги за самопомош; идеалниот психо-физички баланс го постигнуваат преку умешноста за носење на папуча на боса нога и омилена активност за разбибрига им е да го замислуваат Аца Лукас како врвен концертен пијанист; никогаш со светлата не им сигнализираат на возачите во спротивниот правец дека зад кривината чека полициско возило и секогаш, ама баш секогаш, во маркет ја враќаат кошничката на место за да може да ја користи некој друг... ” – стои во најавата за концертот.