Ретроспектива на македонски аматерски кракометражни филмови

16.04.2024 07:42
Ретроспектива на македонски аматерски кракометражни филмови

Во Културно информативниот центар Скопје, во Салон 19.19, денес (16 април) во 20 часот ќе се одржи проекција на аматерски кракометражни филмови насловена како „Ретроспектива на аматерски кракометражни филмови” на македонските филмски режисери Кирил Максимоски, Марјан Гавриловски, Марјан Михајловски и Александар Лахтов.

На програмата ќе се прикажат следните филмови: „1.60 секунди човечност” , „Сам”, “Мошне едноставна приказна” и „Над Скопје” во режија на Кирил Максимоски, како и „Престрашени” режиран од страна на Марјан Михајловски, „Мрачни времиња” на Александар Лахтов од 2014 година, како и „Кота 404” во режија на Марјан Гавриловски од 2015 година.